Хит на социјалните мрежи: Анистон ја бакна Деџенерис во уста


САД- Тие две се долгогодишни пријателки, но овојпат најдоа начин да го изненадат светот и тоа ни помалку ни повеќе туку со сочен бакнеж во уста.

Популарната комичарка и водителка Елен Деџенерис во своето мегапопуларно шоу ја нагости и својата долгогодишна пријателка, актерката Џенифер Анистон.

Двете во емисијата зборувале на различи теми, а една од нив била и бакнувањето.

Елен пред две недели пред камерите го бакна Хауард Стерн, а Анистон ја прашувала за деталите околу тоа.

„Како ти беше? Дали уживаше? Дали беше нервозна? Да не го земеме предвид Хауард, кога последен пат си бакнала маж?“ – ја испрашувала Џенифер.

„Па, беше добро… Впрочем, зошто сите се толку многу шокирани? Да, јас се бакнувам и со мажи. Кога ти последен пат си бакнала девојка во уста?“ – ја прашала Елен Деџенерис, на што Џенифер ѝ одговорила дека таа не го прави тоа.

Сепак, следел момент кој многумина ги шокирал: Елен ја бакнала Џенифер во уста.

„Имаше многу меки усни“ – изјавила потоа Анистон.

Секако дека бакнежот на долгогодишните пријателки преку ноќ станал апсолутен хит на социјалните мрежи.