Хирурзите во Франција „отпечатиле“ нов нос, а потоа го закачиле на раката на пациентката


Хирурзи во Франција ѝ пресадиле нов нос на жена која поради рак останала без дел од лицето. Носот бил претходно „испечатен“ во лабораторија.

Имено, носот направен по нарачка е речиси целосно направен во научниот центар, но крвните садови се премали и премногу сложени за 3Д печатење, па научниците најпрво го прикачиле на раката на пациентот за да го развијат многу потребното снабдување со крв, пишува Science Alert.

Откако два месеца, носто се развивал на раката на жената, хирурзите ѝ го пресадиле на лицето. Операцијата траела шест часа, а лекарите биле многу внимателни да ги поврзат неговите нови крвни садови со слепоочницата на пациентката. Хирурзите од Институтот за рак на Универзитетот во Тулуз во Франција во ноември 2022 година објавија дека нивниот пациент се чувствува многу добро.

„Мојот сопруг и јас решивме наскоро повторно да одиме во ресторан“
„Кога се разбудив следниот ден, бев целосно уништена. Не излегов десет години, а јас и мојот сопруг решивме наскоро повторно да излеземе во ресторан“, изјави пациентката за францускиот весник „Монд“, на крајот на 2022 година. По девет години и неколку неуспешни реконструкции на лицето, носот  конечно е обновен.

Сега, наводно, може да мириса подобро од било кога.

„Ваков вид на реконструкција никогаш досега не бил извршен на толку кревка област која нема доволно проток на крв“, ​​велат од болницата. Хирурзите во Франција сега се надеваат дека ќе можат да ја користат оваа револуционерна техника за трансплантација на други телесни импланти во иднина.