(Видео) Хипотермија на рејв-журка: Поделени 500 ќебиња


Триесетина посетители на фестивалот на техно-музика „Текнивал“ во регионот Круз во Франција побарале помош од лекарите поради хипотермија откако одненадеж паднаа температурите и почна да паѓа снег.

Посетителите на фестивалот на отворено беа изложени на нагла промена на времето затоа што температурите паднаа на минус три степени Целзиусови.

Речиси 10.000 посетители биле на фестивалот кога почна да пажа снег. Спасувачите од Црвениот крст им помагаа на загрозените на фестивалот, а две лица се префрлени во болница.

Членовите на Црвениот крст поделија и 500 ќебиња, а организаторите набавија и шатори со греење.

Францускиот дневник „Паризиен“ пишува дека одржувањето на фестивалот не било одобрено од властите, а дека војската, која е сопственик на локацијата, поднела жалба.

Овогодинешниот „Текнивал“ е 26-ти по ред, а организаторите и минатата година биле на мета на критиките кога активисти за зачувување на природата ги обвинија дека ги нарушиле живеалиштата на птиците во таа област.