Хип-хоп магијата на Мурад Мерзуки го воодушеви Скопје – се славеа два јубилеја


Фото: Д. Перковски

Скопје синоќа го виде ексклузивно танцовиот перформанс „Мозаик“ на славниот француски кореограф со светско реноме Мурад Мерзуки и француската театарска група „Кафиг“ како достојно прославување на два големи културни јубилеја кај нас, 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје ( најстар странски културен институт кај нас)  и затворањето на јубилејното 20-то издание на „Танц фест“. 

Фото: Д. Перковски

Гала настанот кој собра убав свет од сите сфери на живеење и претставници на дипломатскиот кор беше ушто помоќен со фактот што Мерзуки, е кореограф на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, во Париз,  насловена „Танцот на игрите“.

Фото: Д. Перковски

Всушност, по огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во 2017 година во рамките на „Танц фест“, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ се вратија во Скопје со светската премиера на нивниот најнов танцов спектакл „Мозаик“.

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер со сопругата/ Фото: Д, Перковски

Гостите, синоќа, во барокниот МНТ ги поздравија Директорот на Францускиот институт Иго Бештел и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и Рисима Рисимкин, која најави дека се повлекува од позицијата на уметнички директор на фестивалот.

Рисима Рисимкин и Ана Зафирова/ Фото: Д. Перковски

Во текот на изминатите триесетина години Мурад Мерзуки вистински придонесе кон развојот на хипхопот и го зацврсти местото на овој танц во светот на современата кореографија.

Фото: Д. Перковски

Публиката, синоќа, со петмина изведувачи на сцена, низ бокс, циркуски точки, класична музика и воздушни танци, патувајќи од една креација кон друга, беше принесена во нов универзум, кој сам по себе е единствен, поетски и визуелен. Секоја танцова точка беше производ на навидум неочекувани танцови средби. Секој на свој начин се движеше по патеките, ги заобиколуваше клишеата, ги надминуваше естетските граници и ги откриваше новите перспективни на хипхопот. (Л.С.)

Фото: Д. Перковски