Хилари Клинтон на Мет Гала за прв пат по 20 години: Ова не е само мода, ова е духот на Америка

Клинтон прошета на црвениот ќилим во темноцрвен фустан од Алтузара. Тоалетата беше извезена со имиња на Американки за кои рече дека ја инспирирале


САД– Најважната модна писта на светот, по Оскаровската, ги собра синоќа, најмоќните и ѕвездите во подем, на црвениот ќилим на Мет Гала, со најблескави и најдраматични тоалети. Дури и поранешен државен секретар се појави! Хилари Клинтон присуствуваше на гала-настанот и откри дека тоа всушност и е прво присуство по децении.

„И реков на Ана [Винтур] дека ќе доаѓам на секои 20 години и возбудена сум што сум овде оваа година!, изјави Клинтон изјави за Vogue на црвениот тепих.

„Мислам дека сите сме среќни што сме повторно заедно, поддржувајќи го музејот и Институтот за костими, а исто така ја славиме Америка. Не само модата на Америка, туку навистина духот на Америка“.

Клинтон прошета на црвениот тепих во темноцрвен фустан од Алтузара. Тоалетата беше извезена и со имиња на Американки за кои рече дека ја инспирирале, вклучувајќи ги Абигејл Адамс, Сакагавеа, Медлин Олбрајт, Хариет Табман, Елинор Рузвелт, Маргарет Чејс Смит и Ширли Чишолм.

„Мислев дека би било историско да носам таков фустан и навистина да биде во склад со темата на вечерта“, објасни Клинтон за Vogue. Фустанот е во чест на темата на годинешниот Институт за костими, „Во Америка: Антологија на модата. Тоа е тема „продолжение“ што се надоврзува на темата „Во Америка: Лексикон на модата“ од 2021 година.

Клинтон всушност не е видена на Мет Гала од 2001 година. Таа година, темата беше Жаклин Кенеди: Годините на Белата куќа, а Клинтон носеше тафт тоалета со леопардски принт во комбинација со маслинесто зелено-златна наметка.
Додека политичарите повремено присуствуваат на Мет Гала (а Клинтон не беше ни единствениот политичар на настанот во 2022 година, бидејќи градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, исто така присуствуваше), тие обично се многу помал сегмент од листата на гости од музиката , екранот и модните ѕвезди. И покрај тоа, значајниот фустан на Клинтон дефинитивно имаше влијание – максимално искористувајќи го нејзиното ветување „еднаш на 20 години“!