Херцог: Израел ги разгледува сите опции


Исак Херцог пред Кнесетотт по изборот за претседател

 Израелскиот претседател Исак Херцог во интервју за „Скај њуз“ изјави дека Израел по синоќешниот напад на Иран „ги разгледува сите опции“.

– Ова е објава на војна. Сега, бидејќи сме воздржани и затоа што ги знаеме последиците, и затоа што размислуваме со нашите партнери, ги разгледуваме сите опции и јас сум сосема убеден дека ќе ги преземеме неопходните чекори за да го заштитиме и одбраниме нашиот народ. Ние не бараме војна, посочи Херцог.

Тој додаде дека синоќешниот напад е „само уште еден пример“ за тоа како функционира Иран, „ширејќи хаос, терор и нестабилност низ целиот свет“.

– Време е светот да се соочи со оваа империја на злото во Техеран и да му стави до знаење на иранскиот режим дека тоа не може да помине, дека тоа е неприфатливо, истакна Херцог.