Херцеговскиот „крал на тоалетната хартија“ купи австриска компанија со 100 годишна традиција


 

Петар Ќорлука, претприемач од Босна и Херцеговина и сопственик на фабриката за тоалетна хартија и производи за хигиена „Виолета“, купи австриска компанија со повеќе од сто години традиција во производството на медени колачи, и сега го сели производството во Херцеговина.

Станува збор за компанијата Schmid Maissau, која е позната по тоа што прави медени колачи на највисоко ниво. Инаку, Петар Ќорлука минатата година ја презеде и компанијата „Ласта“ од Чапљина, а сега понудата ќе ја прошири и на полето на австрискиите кондиторски производи.