Херц, една од најголемите рент-а-кар компании во светот, оди во стечај

Една од најголемите рент-а-кар компании во светот – Херц – соопшти синоќа дека започнува стечајна постапка.

Причината е падот на побарувачката во време кога беснее пандемијата на коронавирус. Раководството на компанијата изјави дека додека трае стечајната постапка, Херц ќе продолжи да ги врши дејностите.

Претходно, Херц беше принудена да продаде дел од својот автопарк, а во мај беше донесена одлука да отпушти половина од своите вработени. Како што известува Њујорк тајмс, вкупниот долг на компанијата е во висина од 17 милијарди долари.

Херц е една од најголемите рент-а-кар компании во светот и поседува повеќе од 10 илјади точки за изнајмување на превозни средства во 150 земји во светот. Компанијата е и една од најстарите рент-а-кар сервиси, основана е во 1918 година во Чикаго.