Хеликоптерот на ерменскиот премиер принудно слета на стадион поради лошото време


Хеликоптерот на ерменскиот премиер Никол Пашинјан принудно слета на стадион во градот Ванадзор, 132 километри северно од Ереван, главниот град на Ерменија, соопшти ерменската влада.

Принудното слетување било поради лоши временски услови и Пашинјан се чусвтвува добро, јавија локалните медиуми. не е надевено кон каде се упатил потоа ерменскиот премиер. 

Ерменската влада објави на Телеграм дека Пашинјан со хеликоптерот одел кон градот Ташир на границата со Грузија, 152 километри северно од Ереван.