Хеликоптерите на Армијата не можат да летаат ноќе, Бугарија најавила помош со противпожарни единици


Хеликоптерите на Армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови, напиша вечерва претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук-профил.

Ова, додава, е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови. 

Претседателот Пендаровски на својот Фејсбук исто така објави дека доцна вечерва имал телефонски разговор со претседателот на Бугарија Румен Радев на кој било договорено во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици во нашата земја.

– Доцна вечерва имав телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите, напиша Пендаровски на ФБ.