Хелен Мирен ќе ја напише светската порака по повод Светскиот ден на театарот


Македонската порака ќе ја напише Сузан Акбелге, актерка во Турскиот театар од Скопје

Светскиот ден на театарот се одбележува секоја година на 27 март и по тој повод пред изведување на претставите ширум светот се читаат светската и националната порака за значењето на театарот.

Оваа година, светската порака ќе ја напише Оскаровката Хелен Мирен (73) од Велика Британија и долгогодишен амбасадор за L’Oréal.
 
 

Што се однесува до македонската порака, честа да ја напише ѝ припадна на Сузан Акбелге, актерка во Турскиот театар од Скопје.

Традиционално, изборот на автори за светската порака го организира Меѓународниот извршен одбор на мрежата на Интернационален театарски институт, УНЕСКО, Париз/Шангај, а изборот на домашните автори за локалната порака го организира Програмскиот и Извршниот одбор на Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА.