Хејли Бибер ни носи празнични радости- „Викторијас сикрет“ со божикна кампања


САД– Празничната кампања на Victoria’s Secret штотуку пристигна, а можеби ќе сакате да се подготвите, бидејќи е волшебна. Хејли Бибер се придружува на актерската екипа од 25 лица кои глумат во новата празнична содржина на брендот, и тоа е најсветото, највеселото нешто што сме го виделе цела година. 

Во празничната кампања претежно во црвено се појавува и Бела Хадид , како и Палома Елсесер, Адут Акеч и многу други познати фаци. Познатиот бренд за долна облека го смени својот имиџ во последниве години, славното откажување на најскапата ревија во декември  на модната писта на „Ангели“, и наместо тоа, постави поразновидна и инклузивна група модели за модерниот клиент.