Хашим Тачи бил испрашуван од Хаг дури три пати, обвинителството тврди дека ја лажел јавноста

Во првите сослушувања Тачи потврдил дека знаел за тепањето и малтертирањето на притворените, за пота да тврди дека ниту штабот на ОВК ниту привремената влада постоеле освен на хартија

Тачи бил испрашуван во Хаг и лани во декември и годинава во јануари, а неговото сослушување во јули било по барање на адвокатите. Тачи во меѓувреме тврдеше дека не бил воопшто испрашуван

 

Донеодамнешниот косовски претседател Хашим Тачи бил испрашуван од Специјализираниот обвинител во Хаг трипати, двојно повеќе отколку што самиот објави, ја открива новата документација на Специјализираното обвинителство, која, во редактирани верзии, сега се објавува секој ден на веб-страницата на Специјализираните комори, пишува агенцијата Коссев.

Пред четиридневниот распит во Хаг помеѓу 13 и 16 јули, Тачи бил испрашуван на 12 и 13 декември минатата година , односно на 13 и 14 јануари, според документите на Обвинителството, кога во барањето за апсење објаснило дека Хашим Тачи ја измамил јавност, кога во едно интервју на 1 април рече дека не бил испрашуван, пренесува Коссев.

Последното и единствено испрашување на Тачи претставено пред јавноста, било, како што сега се дознава, организирано на барање на адвокатите на Тачи.

Уште повеќе, преписот од сведочењето на Тачи од јануари годинава е дел од документацијата што Специјализираното обвинителство го достави до судот како придружна документација со обвинението поднесено на разгледување на 24 април годинава.

Повеќе информации за деталите на ова сведочење се редигирани, но специјализираниот обвинител, Џек Смит, во својот поднесок до судот потсетува дека: Во текот на ова сослушување Тачи призна, меѓу другото, дека бил присутен во (редигарното) и призна дека знаел дека (редигирано) биле претепувани и препозна дека соопштението било издадена од Генералниот штаб на ОВК“, се вели во документот на Обвинителството.

Сепак, откако беше информиран за обвинението против него, адвокатот на Хашим Тачи го контактираше Обвинителството, а тој беше испрашуван во јули 2020 година.

„За време на тоа сослушување, г-дин Тачи даде низа наводни ‘објаснувања’за неговото претходно сослушување и одговори на дополнителни прашања од Кабинетот на специјализираниот обвинител. Меѓу многу други општи демантирања, тој тврдеше, меѓу другото, дека немало тајни служби на ОВК, ниту дека штабот на ОВК или привремената влада некогаш функционирале, освен што тие постоеле само на хартија“, се вели во документот.

Тој исто така даде неколку објаснувања во врска со настаните што претходно ги призна – дека тој бил свесен само за наводите дека им било наштетено (редактирано); односно дека не му било кажано дека им наштетиле, но дека смета дека се случиле лоши работи како резултат на бомбардирањето на Србија, а не дека се поврзани со (редактирано); и конечно дека дознал оти ништо не им се случило, тврдејќи дека тоа што е кажано, всушност, не се случило.

Обвинителството го опиша последното сведочење на Тачи како „малку веројатно во однос на фактите“ и „противречно на постојните докази“ и иако во „интерес на правдата“ тие ги доставија овие записници до судот за да можат да ги разгледаат и да ги имаат на ум пред да одлучат да го потврдат обвинението, кое во тоа време сè уште не беше донесено, тие побараа од судот да не ги смета за релевантни.

Во друг документ, поднесен во мај годинава, обвинителството исто така наведува дека Хашим Тачи ја измамил јавноста кога во април годинава во интервју за „Зери“ изјави дека не бил испрашуван од Специјализираното обвинителство.

„Оттогаш, Тачи јавно лажеше до кој степен бил лично вклучен во истрагата на Канцеларијата на специјализираното обвинителство“.

Во фуснотата на ова тврдење се објаснува дека на Тачи му била врачена поканата за распит на 17 ноември 2019 година и дека тој првпат се појавил на сослушување во Хаг на 12 декември 2019 година.