Хари Мата Хари во сабота ќе пее на плоштадот во Автокоманда
Кон крајот на оваа работна недела, поточно во петок и сабота, голема забава во скопска Гази Баба. Музички имиња од земјава и Балканот ќе ги забавуваат присутните во рамки на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“!
– Најдобрата забава во Скопје ќе се оддржи токму во општина Гази Баба на 4 и 5 октомври на плоштадот во Автокоманда со почеток од 19:30 часот. Дводневна музичка програма составена од различни музички жанрови за сите генерации, информираше градоначалникот Бобан Стефковски.
На 04.10 (петок) ќе настапат: Гоце Пејковски, Бојана Скендеровски, ДНК и Амадеус бенд.
На 05.10 (сабота) ќе настапат: Таско, Огнен Здравковски и регионалната мега музичка ѕвезда Хари Мата Хари.
– Ве поканувам сите да бидете дел од најдобрата забава во Скопје, стои во поканата од првиот човек на општината.