Хари и Меган со првата американска божикна честитка


САД- Хари и Меган  ја споделија својата официјална празнична честитка за 2020 година со фановите.

Празничниот портрет, кој беше споделен преку еден од блиските и драги покровители на војвотката од Сасекс, Мејху, на социјалните мрежи, претставува илустрирана сцена од тричленото семејство, во нивниот нов дом во Монтесито, Калифорнија. На илустрацијата се појавуваат принцот Хари, војвотката Меган и нивниот син Арчи, сите заедно надвор,придружувани од нивните две сакани кученца, Гај и Пола.

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ќе создаваат и ќе водат подкасти за стриминг на музичкиот сервис Спотифај, соопшти овој месец шведската компанија.

Според повеќегодишниот договор меѓу нивната новоформирана компанија „Arccvel Audio“ и музичкиот сервис, брачната двојка ќе произведува програми што ќе ја забавуваат публиката ширум светот и ќе презентираат различни перспективи и ставови, се наведува во соопштението на Спотифај, пренесено од британските медиуми.

Компанијата која е светски лидер на пазарот за музички стриминг подкастите бесплатно ќе ги прави достапни до сите.

Спотифај нуди повеќе од 1,5 милион наслови на подкасти како што се „Мишел Обама подкаст“ и „Мама знае најдобро“ од инфлуенсерот Едисон Реј и има повеќе од 320 милиони активни корисници месечно.

Првиот подкаст на Хари и Меган ќе биде празничниот специјал, што ќе биде составен од приказни за надежта и сочувството поврзани со новогодишната прослава.