Хари и Меган Маркл постигнаа договор со папараците

САД – Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл постигнаа договор со агенцијата за фотографии која без одобрение го фотографираше нивниот малолетен син дома.

Тие двајца во јули покренаа тужба во која се тврди дека неименувани папараци го фотографирале нивниот син Арчи, нелегално, од беспилотни летала и хеликоптери близу приватната резиденција на семејството во Калифорнија, кога бебето имаше 14 месеци.

Судските документи поднесени до Високиот суд на округот Лос Анџелес во четвртокот покажуваат дека фотоагенцијата Икс-17 се согласила да престане да дистрибуира слики на кои е прикажан Арчи со неговата баба – мајка ѝ на Меган, во градината во семејната резиденција и да ги предаде оригиналните слики и сите копии на семејството. Покрај тоа, Икс-17 му се извини на семејството.

– Агенцијата, исто така, се согласи да плати дел од правните трошоци на семејството, изјави нивниот адвокат Мајкл Камп.

Меган, Хари и Арчи сега живеат во Санта Барбара, близу Лос Анџелес во Калифорнија.