Харадинај: Американските сенатори не бараа од Приштина компромис со Белград
-Не беше баран одреден компромис со Србија. Ја искористив приликата да потврдам дека Косово е стоотстотно суверена држава и дека сме подготвени да постигнеме договор со Србија за меѓусебно признавање во постојните граници, доколку тие бидат подготвени на тоа, кажа Харадинај , пренесен од Косовапрес.
Харадинај додаде дека „ разбирливо е во случај на спогодба да дојде до обновување на трговските односи меѓу Белград и Приштина“, пренесува Косово.онлајн.