Хаос во Москва, се закануваат со бомби во болниците


Пет болници во Москва, Русија, денеска примиле анонимни дојави за поставени бомби и тоа во мејлови пратени на адреси на електронска пошта.

Закани за поставени бомби примила и воздухопловната служба за летови од Москва до Краснодар, од Краснодар до Москва, Москва до Перм и од Москва до Санкт Петерсбург, пренесе Тас.
Последните неколку месеци непознати лица упатија повеќе анонимни дојави за поставени бомби во судови, училишта, болници, аеродроми и железнички станици.
Тие анонимни пораки и понатаму продолжуваат да пристигнуваат, а оние кои ги упатуваат заканите бараат исплати во биткоини.