Хаос во Косово, рането едно лице, уапсени осуммина
Едно лице е тешко рането во денешната акција на косовската полиција на северот на Косово, за која официјално беше соопштено дека е насочена против шверцери.
Ситуацијата во Косовска Митровица и Звечан е напната од утрово, кога се слушнаа сирени за тревога.
Од клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица велат дека се борат за животот на еден 36-годишен Србин.
„Во прашање е прострелна рана во пределот на грбот и тој е животно загрозен“, изјави директорот на болницата Златан Елек.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, вели дека се повредени десетици Срби и го обвини косовскиот премиер Албин Курти за насилствата.
Косовската полиција употреби шок-бомби и солзавец за да ги растера граѓаните кои протестираа против нејзината најнова акција. РТС објави дека припадниците на косовската полиција за економски криминал затвориле повеќе продавници.
„Упаѓаат во магацини, продавници и аптеки во градот и околината“, велат очевидци за РТС.
Kosovska Mitrovica pic.twitter.com/W7iWASsLJJ
— Zorica Vorgučić (@ZVorgucic) October 13, 2021
Како што пренесува репортерот на Косово онлајн, косовската полиција дошла од Јужна Митровица и упаднала во една од градските аптеки за да ги провери косовските царински документи.
Народот потоа се собрал, изразувајќи незадоволство од споменатата акција, а ситуацијата ескалирала кога косовската полиција почнала да фрла шок-бомби и солзавец.
Српската премиерка Ана Брнабиќ ги повика меѓународната заедница и НАТО да го скротат Курти.
„Ситуацијата е повеќе од драматична. Лудачката политика на Курти мора да се запре, зашто води кон целосен хаос“, рече Брнабиќ.
Косовска полиција јави за осум приведени
Како што пишуваат албанските медиуми, осуммина се упасени во косово во акција на косовската полиција против криумчарење.
Уапсени се шест Албанци, од Пеќ, Приштина и Митровица, како и Босанец и Србин од Северна Митровица.