Хаос во финалето во карате: Беше нокаутиран, на носилки го изнесоа, а освои злато


Иранецот Саџад Ганџадех на неверојатен начин се закити со олимписко злато во карате.

Ганџадех е прв олимписки победник во категоријата до 75 кг, а до тоа дојде откако во финалето го нокаутира Саудецот Тарег Хамди.

Имено, Хамди поради недозволен удар беше дисквалификуван.

Така, Иранецот го подигна златниот медал, но откако дојде при себе и по укажаната помош, при што мораа на носилки да го изнесат.