Хаос во Данска: Десничар фрли Куран во воздух сред имигрантски камп


Данската полиција приведе 23 лица поради насилство, откако еден десничар фрли копија од Куранот во воздух во имигрантскиот кварт во Копенхаген, Данска.

Полицијата во Копнехаген соопшти дека притворените се осомничени и дека стојат зад десетина палења на автомобили и контејнери за ѓубре, воглавно во Норебро, имигрантски кварт во данската престолнина, пренесува АП.

Нередите почнаа откако Расумс Палудан, адвокатот кој пропагира право на слобода на говорот на демонстрации ширум Данска, неколку пати ја фрли исламската света книга во воздух.