Хаос во Даблин: По вооружениот напад, демонстрантите дивееја, палејќи автобуси, трамваи и возила


Откако денеска во Даблин се случи вооружен напад, во кој беа повредени пет лица, од кои три деца, во овој град избија немири. Демонстрантите дојдоа на местото на настанот и се судрија со полицијата.

Во денешниот напад со нож во центарот на Даблин, тешко се повредени петгодишно девојче и жена на околу 30 години, а уште три лица се повредени. Уште едно шестгодишно девојче и петгодишно момче беа исто така избодени со нож пред училиштето веднаш по 13:40 часот по локално време на плоштадот Парнел Исток.

Пет лица се избодени со нож во напад во центарот на Даблин, меѓу повредените има и три деца
Улицата е во близина на улицата О’Конел, една од најпрометните сообраќајници во градот.

Човек на околу 50 години е личност од интерес, соопшти ирската полиција. Тој се лекува од тешки повреди. Полицијата соопшти дека во моментов не трага по други лица и дека следи прецизна линија на истрага.

Имаше неколку насилни сцени во близина на местото каде што се случи нападот откако толпи демонстранти се собраа во областа. Полицајците употребиле штитови и палки, додека неколку полициски возила биле оштетени.

Премиерот Лео Варадкар рече дека се распоредени дополнителни полициски ресурси. Тој, исто така, нагласи дека е „шокиран“ од инцидентот и дека „фактите за оваа работа сè уште се појавуваат“.

Комесарот на Гарда (Полиција) Дру Харис рече дека се одвива целосна и опсежна истрага. Тој додаде дека „лудачка, хулиганска фракција“ била ангажирана во сериозно насилство во Даблин додека полицијата се обидувала да го обезбеди местото на злосторството.
„Бараме луѓето да се однесуваат одговорно, да не слушаат дезинформации и гласини кои кружат на социјалните мрежи. Знаеме што се случило, но мотивот за ова е целосно нејасен“, рече тој.