Хаос на улиците на Париз: Се судрија демонстрантите и полицијата


 

Илјадници Французи излегоа на улиците на Париз денеска, по повод 1 мај – меѓународниот ден на трудот, но до судири меѓу полицијата и демонстрантите дојде уште пред да се соберат сите.

Медиумите пренесуваат дека веќе се уапсени 165 лица.

Полицијата на демонстрантите фрлаше солзавец.

Иако протесниот марш беше закажан за 14.30 часот, судирите со полицијата почнаа при собирањето на граѓаните.

Како што наведуваат француските медиуми, освен 165 уапсени, повеќе од 9.000 луѓе „превентивно се проверени“ од страна на полицијата.

Денеска, ширум светот работниците излегоа на улиците по повод Меѓународниот ден на трудот, барајќи подобри услови за работа и почитување на правата на работниците.