Хаос на дочекот во Сиднеј – стампедо, луѓе врескаат, полицијата немоќна


На прославата на Нова година во Сиднеј, Австралија дојде до стампедо, а стотици луѓе беа заглавени во обид да се пробијат низ оградите.

Видео-снимките покажуваат мачни сцени каде луѓето се фатени во метеж каде се пробиваат со деца.

Се гледа и како луѓе во улицата „Аргајл“ на карпите врескаат, додека голема група се пробива низ барикадата, а беспомошната полиција и обезбедувањето ја следат ситуацијата.

Родителите дури беа принудени малите деца да ги држат над главите за да не бидат згазени во метежот.

„Беше навистина застражувачко, многу опасно и мислев дека ќе бидам тешко повреден“, рече еден човек кој беше заглавен во метежот, за „Дејли мејл“.

„Луѓето ме газеа, додека бев на земја со уште десетина други, а некои трчаа преку мене, Изгубив рамнотежа кога бев турнат на земја и паднав на други двајца“, вели тој.

Ситуацијата била посебно застражувачка, со оглед на тоа дека пред два месеци во Сеул за Ноќта на вештерките настрадаа 196 луѓе.

На снимката може да се видат полицајци и припадници на обезбедувањето како во очај викаат на мноштвото луѓе.

На крај е повикан Одредот за јавен ред и мереди на полицијата на Нов Јужен Велс за да преземе контрола над ситуацијата.

Уште не е познато дали има повредени.