Хаос – на бензинска станица ги помешале видовите гориво


 

Бизарна ситуација доаѓа од Канада.

Сипање погрешно гориво во вашиот автомобил може да биде скапа грешка, ако се обидете да го возите, а замислете само таа грешка да е туѓа вина, поточно, на луѓето од бензинската станица.

На една бензинска пумпа, работниците ги помешале видовите гориво, па од пумпата на која пишувало премиум бензин имало дизел и обратно и тоа траело повеќе од 24 часа.

За среќа, на таа станица нема многу потрошувачи, па штетата се случила на само четири-пет возила, а приказната ја рашири Кристин Барлет, чиј „ауди“ за малку не настрадал.