Хан за дијалогот меѓу Приштина и Белград


Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, денеска изјави дека напорите за одблокирање на дијалогот меѓу Приштина и Белград ги одложил за почетокот на јули, оценувајќи дека е тешко да се мотивираат лидерите на двете страни да се вратата на преговарачка маса.

– Тоа не е лесна задача и потребна е голема политичка храброст да се работи на компромис. Треба да се знаат кои се позитивните последици, а позитивните последици можат да бидат европска перспектива, рече Хан на прес-конференција во Луксембург.

Тој објасни дека поради тоа што бил фокусиран на ситуацијата во Молдавија, ги одложил за почетокот на јули своите напори да го одблокира дијалогот меѓу Белград и Приштина.