Хан: Итно да се формира влада во БиХ


Фото: Б. Грданоски

Европскиот комесар за проширување   Јоханес Хан во изјавата дадена денеска нагалсува дека формирањето влада во БиХ е неопходно за процесот на европска интеграција на земјата. Тој го повика Претседателството на БиХ да го охрабри политичкото раководство на земјата да го спроведе договорот од 5 август.

„Очекувам тие да ја исполнат својата одговорност и да го продолжат дијалогот со цел да го назначат Советот на министри без дополнително одложување, речиси една година по изборите“, напиша Хан во изјавата.

Тој додаде дека тоа треба да се спроведе врз основа на мислењето на Европската комисија за апликацијата  на БиХ за членство во ЕУ.

„Не постои веродостојна алтернатива на европската перспектива на Босна и Херцеговина. Сегашната блокада ги поткопува легитимните очекувања на граѓаните на БиХ за просперитетна иднина во сопствената земја“, заклучи Хан.