Хан денеска ќе праша што се случува со СЈО

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Хан, со државниот врв и со лидерот на опозицијата се очекува да разговара и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО.
Предвидено е премиерот заев и комесарот хан да одржат и заедничка прес-конференција во Клубот на пратениците.
Во посета на земјава утре ќе престојува и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Тој доаѓа во Скопје од Атина каде што имаше средби со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, со други владини претставници, како и со поранешниот премиер Алексис Ципрас.
Во Скопје, според најавата од Стејт департментот, Филип Рикер ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници. Централни теми ќе бидат билатералните прашања и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе разговара и со пратеници и со претставници на опозицијата.