Хамилтон сака да го смени презимето


Во новата Ф1 сезона возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе настапува под друго име, информира „The Telegraph“.

Како точно ќе звучи неговото полно име сè уште не е познато, но британскиот пилот веќе го започнал процесот на документација за официјално да го додаде моминското презиме на неговата мајка.

– За моето семејство, мојата следна победа во шампионатот во Формула 1 ќе има светско значење. Ќе ми биде важно, со задоволство ќе го величам моето име Хамилтон. Но, никој од вас можеби не знае дека моминското презиме на мајка ми е Ларбалестјер. И ќе го додадам на целото име, изјави седумкратниот светски шампион.

Не разбирам зошто жената, кога ќе се омажи, го губи презимето. Се надевам дека презимето на мајка ми ќе остане заедно со презимето Хамилтон. Можеби нема да биде можно да се договори се за претстојниот тркачки викенд. Но, јас веќе работам на тоа, додаде Хамилтон.

Сезоната во Формула 1 2022 година започнува претстојниот викенд во Бахреин.