Хамилтон предвреме ја заврши трката за Големата награда на Белгија, откако се судри со Алонсо


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон се судри со возачот на Алпин, Фернандо Алонсо на стартот на трката од Формулча 1 шампионатот што се вози за Големата награда на Белгија.

Двајцата возачи се вратија на патеката „Спа“ по судирот. Сепак, имаше технички проблеми со болидот на Хамилтон. По влегувањето во боксот, беше одлучено Британецот да не ја продолжи трката и да се повлече од патеката.

Хамилтон до денес беше единствениот пилот оваа сезона кој успеа д аги заврши сите трки.