Хамилтон победи на трката во Германија и го стигна Шумахер по број на победи во Формула 1


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на 11. трка сезоната 2020 во Шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Големата награда на Германија.

За Хамилтон оба беше 91-ва победа за Британецот по што го изедначи рекордот на легендарниот Михаел Шумахер.

Втор на „Нирбургринг“ заврши Макс Верстапен (Ред Бул), додека трет беше Даниел Рикиардо (Рено).
За Рикиардо ова е прв подиум во кариерата.

Пласман на првите десет:
1. Луис Хамилтон (Мерцедес)
2. Макс Верстапен (Ред Бул)
3. Даниел Рикиардо (Рено)
4. Серхио Перез (Рејсинг Поинт)
5. Карлос Саинц (Мекларен)
6. Пјер Гасли (АлфаТаури)
7. Шарл Леклер (Ферари)
8. Нико Хулкенберг (Рејсинг Поинт)
9. Ромен Грожан (Хас)
10. Антонио Џовинаци (Алфа Ромео).