Хамилтон: Кога пукна гумата срцето ми застана


 

Луис Хамилтон со многу драма победи на Силверстон.

Луис Хамилтон водеше од првата до последната кривина и лесно победи на Силверстон, но и него му пукна гумата во последниот крук, како и на Валери Ботас и Карлос Сајнц и гледавме луда завршница во Велика Британија.

„На правецот ми пукна гумата и срцето ми застана во моментот… Го молев Бога да стигнам на целта што побрзо и тогаш пред самиот крај бев прилично опуштен. ДОбив информација дека Макс отишол во бокс и ми беше полесно. Нигокаш во животот не сум искусил ваков последен круг“, рече Хамилтон.

Тој победи, но Мерцедес остана без двојна победа, затоа што Ботас на крајот не стигна ни до бодови.

Хамилтон водеше во текот на целата трка, но во последниот круг му пукна една од предните гуми и со многу среќа ја задржа предноста пред Макс Верстапен.

Холанѓанецот заврши втор со пет секунди заостанување, но сигурно ќе беше прв доколку не влезеше во боксот на два круга пред крајот за да смени гуми со цел да „брка“ бод за најбрз круг.

Шарл Леклер од Ферари се пласира на третото место.

Другиот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, беше втор во поголемиот дел од трката, но поради технички проблеми на крајот се најде само на 11. место.

Во Генералниот поредок Хамилтон е убедливо прв по третата од четирите извозени трки во Формула 1 шампионатот оваа сезона со 88 бода, триесет повеќе пред Ботас.