Хамилтон ја забележа 90. победа во кариерата

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена на патеката „Муџело“ за Големата награда на Тоскана.

За Британецот ова беше седма сезонска победа и 90. во кариера по што се најде на само еден триумф до рекордот на Михаел Шумахер.

Успехот на Мерцедес денес го надополни Валтери Ботас кој се најде на втората позиција.

Трката ја одбележаа трите стaрта поради повеќето инциденти по кои осум болиди не ја поминаа целта.

Од третото до десеттото место се пласираа: Алекс Албон, Даниел Рикардо, Серхио Перез, Ландо Норис, Данил Квајт, Шарл Lеклер, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

Во Генералниот поредок води Хамилтон со 190 бода, Ботас е втор со 135, Верстапен има 110.