Хамилтон ја пропушта следната трка – позитивен е на корона вирус

Седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон нема да се натпреварува на трката за Големата награда на Сахир во Бахреин бидејќи е позитивен на корона вирус.

Британецот е третиот возач во Формула 1 сезоната која има позитивен тест на ковид-19, пред него трките ги пропуштија и Серхио Перес (Силверстоун) и Ленс (Строл).

Тимот на Мерцедес се очекува експресно да реагира и објави кој ќе биде замена за Хамилтон на трката во Сахир.

За да може да се врати на патеките потребен му е негативен тест и поради тоа под знак прашање е неговиот настап и на последната трката сезонава која треба да се вози во Абу Даби.

Луис Хамилтон веќе ја обезбеди титулата во конкуренција на возачи бидејќи има 131 поен повеќе од второпласираниот, клупскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас.