Хамилтон ги искористи проблемите на Ферари и славеше на трката во Бахреин


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на денешната трка од Шампионатот во Формула 1 возена за Големата награда на Бахреин.

Британецот ги искористи малерите што ги снајде возачите на Ферари и на крајот прв мина низ целта.

Неговиот клупски колега Валтери Ботас. Мерцедес го освои второто место за еден-два победа на германскиот тим.

Трет беше Чарлс Леклер од Ферари за кого може да се каже дека е најголем губитник, бидејќи водеше во најголем дел од трката но проблеми со моторот го спречија да триумфира.

И вториот возач на Ферари, Себастијан Фетел, имаше незгода и на крај мораше да се задоволи со петтата позиција, четврти беше Макс Ферстапен.

Од шестата до десеттата позиција се пласираа: Норис, Раиконен, Гасли, Албон и Перез.

Следната трка ќе се вози по две седмици во кинески Шангај.