Хамбург – град со најмногу мостови во Европа


 

Хамбург е град во северна Германија, втор по големина по Берлин. Има околу 1.840.000 жители.

Се наоѓа на реката Елба и нејзините притоки Алстер и Биле.

По Ротердам и Антверпен, Хамбург е трето по големина пристаниште во Европа.

Бреговите се поврзани со мостови како и со стари и нови тунели под Елба.

Во градот на Астер направена е брана па во самиот центар се појави некој вид езеро. Тоа е поделено на два дела со бројни пловни канали. Тие се премостени со повеќе од 2.500 мостови.

Со тоа Хамбург е град со најмногу мостови во Европа и има повеќе отколку во Венеција (400), Амстердам (1.200) и Лондон заедно.