Хамас бара 24-часовен прекин на израелските воздушни напади врз Газа

Вооруженото крило на Хамас – Бригадите Ал Касам го повика Израел да ги прекине воздушните напади 24 часа поради заложниците.
Бригадите Ал Касам тврди дека изгубила врска со заложниците Матан Англест и Омри Миран поради израелските напади врз Појасот Газа.
Вооруженото крило на Хамас бара 24-часовен прекин на израелските напади да почне денеска во 18 часот, по локално време.