Халеп ќе го пропушти УС Опен


Романија– Вториот рекет на светот, Романката Симона Халеп, на својот профил на Твитер објави дека нема да игра на УС Опен оваа година.

– Откако ги разгледав сите фактори и ги зедов предвид исклучителните околности што се развија во моментот, решив дека годинава нема да одам во Њујорк. Отсекогаш сум сметала дека здравјето треба да биде на прво место кога ќе донесеме одлука. Затоа би сакала да останам и да тренирам во Европа, напиша Халеп.

Претходно, од ТОП 10 тенисерките, настапот на Грен слемот во САД го откажаа Ешли Барти, Елина Свитолина, Бјанка Андреску, Кики Бертенс и Белинда Бенчиќ.