Халеп ја „здроби“ Серена за прва титула на Вимблдон


Романската тенисерка Симона Халеп е победник на овогодишното издание на Вимблдон откако за 57 минути во финалниот меч ја „здроби“ Серена Вилијамс. Американката, која досега седум пати го освојуваше најпрестижниот тениски турнир на светот, освои едвај четири гема (по два во секој сет), по што Халеп заслужено се радува на првиот освоен турнир во Лондон. Таа лани го освои и францускиот Ролан Гарос.

Халеп моментно е на седмата позиција на АТП-листата.

Во утрешното машко финале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.