Хакирани веб страниците на Министерството за здравство и за образование


Министерството за здравство соопшти дека е хакирана и во моментов не функционира неговата веб-страницата и дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

-Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме. Нашата комуникација со медиумите ќе се одвива преку привремената е-маил адреса: [email protected], стои во соопштението

Од Министерството посочуваат дека сите прашања медиумите да ги испраќаат на споменатата адреса и тие ќе бидат одговорени во најбрз можен рок.

Исто така, хакирано е и Министерството за образование и наука откако синоќа беа нападнати од македонските „Анонимуси“.

На сајтовите се појави црна заднина со текст и слика од „Анонимуси“ .

-Пак ние. Овојпат најбедното министерство е наш таргет, министерството за смрт. После се’ што видовме со наши очи, не можеме а да не останеме гневни на сите тие синови и ќерки ставени на позиција да водат министерство за здравство, и една добра: за сите медицински лица кои во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите македонци заболени со Ковид-19, ви симнуваме капа и ви се поклонуваме до земја. Секоја чест“, порачаа хакерите.