Хакери се закануваат: Ослободете го Асанж или ќе платите!


Хакерите „Анонимуси“ се заканија со одмазда за апсењето на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, до британскиот естаблишмент.”

„„Ослободете го Асанж или ќе платите“, се наведува во соопштението објавено на порталот „Аноњус“, пренесе Спутник.

Во соопштението се наведува дека Асанж секоја година од 2010 наваму е предлаган за добивање на Нобеловата награда за мир, додека за неговиот случај пишуваа сите светски емдиуми.

„Го сакаат во целиот свет, особено оние кои се доволно паметни да видат низ пропагандата која ја оправдува надворешната политика на САД и нивните сојузници“, се наведува во соопштението.

Асанж во 2010 година во Шведска беше обвинет за сексуални престапи, кои ги негираше. Шведскиот суд распиша меѓународна потерница по него, по што Асанж беше уапсен во Лондон, но набрзо беше пуштен со кауција.

Случајот против него е затворен во 2017 година, но по вестите за Асанж дека е уапсен шведското обвинителство соопшти дека ја разгледува можноста за обновување на истрагата. Асанж и неговите приврзаници стравуваат дека Шведска ќе го депортира него во САД, каде може да биде осуден на 35 години затвор или на смртна казна поради објавување тајни воени и дипломатски документи од Стејт департментот.

Основачот на Викиликс ги негира сите обвиненија и тврди дека се политички мотивирани.