Хакери од Германија ја напаѓале Русија 

Русија– Русија спречи многу кибер напади од Германија врз институции и организации во текот на минатата година и годинава, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

На заедничката прес конференција со неговиот германски колега Хајко Мас тој рече дека Русија изразила загриженост кон германската страна поради таа ситуација, пренесува ТАСС.

Лавров прецизираше дека рускиот центар за кибер-инциденти од јануари до мај годинава идентификувал 75 случаи во кои руски институции, вклучително и повеќе од 50 владини канцеларии, биле нападнати од хакери од Германија.