Гвардиола: Сопственикот на Сити не е задоволен од мене


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека сопственикот на клубот, Халдун ал-Мубарак е незадоволен од неговиот настап оваа сезона.

Шеикот е огорчен за големата разлика на лидерот во пласман во Премиер лигата – Ливерпул, но сепак тој и Гвардиола веќе размислуваат во насока како да не дозволат тоа да се случи во новата сезона.

– Јас сум критичен кон мојот тим. Мојот шеф не е задоволен со мене. Завршивме 21 бод зад Ливерпул. Тој (сопственикот на Манчестер Сити) не е задоволен од мојата работа, но ние се обидуваме да ги подобриме нашите перформанси за следната сезона. Овој клуб е доволно солиден со и без Пеп. Тимот имаше успех пред да дојдам, со Манчини и Пелегрини – тие освоија многу титули и проповедаа навистина добар фудбал. Значи, дури и без мене, кога ќе го напуштам тимот, клубот ќе продолжи да расте, прокоментира Гвардиола, потенцирајќи дека не знае кога ќе дојде овој момент.