Гвардиола се врати во Сити по операцијата на грбот


 Шпанскиот фудбалски стратег Пеп Гвардиола се врати на клупата на Манчестер сити по операцијата на грбот, објави англискиот првак.

„Тренерот се врати во Фудбалската академија на Сити по рехабилитацијата од рутинската операција на грбот во Шпанија минатиот месец“, се наведува во клупското соопштение.

Гвардиола отсуствуваше три недели од своите работни обврски, а во тој период екипата ја предводеше неговиот прв асистент Хуан Мануел Лиљо.

Сити в сабота му гостува на лондонски Вест Хем во Премиер лигата, а во групната фаза во Лигата на шампиони идниот вторник ја пречекува белградска Црвена ѕзвезда.