Гвардиола: Нема друг стадион како „Енфилд“, се чувствуваш мал таму


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го одреди „Енфилд“ како најтешкото место за гостување поради неверојатната атмосфера на стадионот на Ливерпул.

Според Шпанецот ова посебно чувство што го доживува противникот на Ливерпул во нивниот дом, не е карактеристично за никој друг стадион во светот.

– Мотото „Ова е Енфилд“ не е само маркетиншки трик. Таму има нешто посебно што нема да го најдете на никој друг стадион во светот. Ти даваат гол и во следните пет минути се чувствуваш така, сеедно како да си дозволил уште четири погодоци. Почнуваш да се чувствуваш мал и да гледаш противнички играчи насекаде. Сите сме го доживеале она, што и се случи на Барса. Ми се смееја кога губевме со 0:3 по првите 15-20 минута во четвртфиналето во Лигата на Шампионите, но сега сите разбраа за што се работи, прокоментирал Пеп.