Гвардиола го достигна рекордот на Анчелоти по освоени Суперкуп трофеи


 Тренерот на Манчестер сити синоќа со својот тим го освои Суперкупот на УЕФА, откако во Атина ја победи Севилја на пенали со 5:4.

За шпанскиот фудбалски стручњак ова е четврти трофеј во ова натпреварување израмнувајќи се со рекордерот на Карло Анчелоти.

Двајцата тренери никогаш не загубиле финале на УЕФА Суперкупот. Гвардиола победи со Барселона во 2009 и 2011 година, со Баерн во 2013 година и со Манчестер сити во 2023 година. Анчелоти со Милан во 2003 и 2007 година и со Реал Мадрид во 2014 и 2022 година.

Манчестер сити го освои Суперкупот на УЕФА за прв пат во историјата.