Гувернерката Витмер го прогласи 8 Септември за македонско-американски ден во Мичиген


Гретчен Витмер, гувернер на сојузната држава Мичиген од Демократската партија, по повод Денот на независноста на нашата земја, го прогласи 8 Септември за македонско-американски ден, јави денеска Обединета македонска дијаспора (ОМД). 

-Ова признавање покажува дека македонската заедница во Мичиген е мошне силна. Тешката работа, страста и посветеноста го зголемува влогот за постигање уште подобра македонска заедница во Мичиген, изјави Дијана Јанчески, претставник  на ОМД во Мичиген. 

Основана во Вашингтон во 2004 година, ОМД организација на нашите иселеници со активности за унапредување на Македонците кои живеат во САД, Канада, Австралија и други западни земји.  

Јанчески додели признаници по повод македонско-американскиот ден на неколку Македонци од Мичиген кои таму водат успешни бизниси. 

Меѓу нив се и Гаврило Иљкоски, сопственик на бизнис консултантската фирма „Рортек солушнс“, Тошко Поповски, сопственик на пица рестораните „Хангри хоуис пица“ со локации во Честерфилд и Медисон хејтс., и Ацо Трајкоски, сопственик на маркетот „Макс интернејшнл“ лоциран во Стерлинг хејтс. 

Во прогласот на гувернерката Витмер се наведува: „Додека, државата Мичиген го признава нејзините македонски американски жители кои што живеат во неколку заедници низ државата на големите езера, додека, македонските Мичигандери вредно придонесуваат во бројни области, вклучително бизнис, право, медицина, образование, технологија, влада, воена служба, спорт, и култура, додека, Македонците работат да ја штитат, чуваат и слават нивната историја, култура, и јазик, и одгледуваат семејства со силна работна етика додека ги поттикнуваат нивните деца да ги следат нивните соништа, додека, потоа, многумина Македонци имаат пораснато да бидат истакнати лидери и сочувствителни јавни службеници кои додаваат голема вредност на општеството и додека, Мичиген има корист од нашите вредни, страствени, и интелигентни македонски-американски членови на заедницата, кои, низ неколку генерации презедоа ризици, поведоа нови граници, и отворија бизниси во повеќе области како спорт, малопродажба, храна и пијалок, финансии, градба, здравствени услуги, и текстил, додека, македонската заедница е доказ дека Мичиген е дом за можност за сите кои што сакаат да поседуваат и управуваат бизнис, додека, македонските Американци во Мичиген поседуваат свои мали бизниси кои колективно вработуваат илјадници жители на Мичиген и служат како ‘рбетот на економијата на Мичиген и патот до финансиска слобода сега, и затоа, Јас Гретчен Витмер, гувернерот на Мичиген, го објавувам 8 Септември 2020, како македонско-американски ден во Мичиген“.