Гутереш ќе се сретне со Зеленски во Киев


САД– Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска и утре ќе престојува Киев каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, најави денеска портпаролот на Он, Стефан Дизариќ.

Ова ќе биде трето патување на Гутереш за Украина од почетокот на руската инвазија врз земјата, од пред една година.

Генералниот секретар на ОН вчера пристигна во Полска, од каде ќе го продолжи патувањето за Киев пред утре да се сретне со украинскиот претседател, се наведува во соопштението на Дизариќ.

Тој кажа дека Гутереш ќе разговара со Зеленски за продолжување на договорот за извоз на украински житарки.