„Гурмански викенд“ во Кавадарци


 

Винскиот музеј Кавадарци оваа година за прв пат организира „Гурмански викенд“. На настанот се дегустираат храна и пијалаци од тиквешкото поднебје.

„По повод месецот на младо вино и традиционалното одбележување на производството на вино, Вински музеј за регион Тиквеш – Кавадарци, организира настан – ‘Гурмански викенд – Виното нераскинлив дел од традицијата’. Посетителите можат да уживаат во младите вина од повеќе винарии во Тиквешијата, како и да вкусат традиционално зготвена храна. Настанот се одржува во прекрасниот амбиент во дворот на Вински музеј, а е збогатен и со музички перформанс“, соопштија од Музејот.

Покровители на настанот се градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци.