Гумите имаат рок на траење, еве каде пишува


Секоја гума има стандардизиран систем за означување на одредени карактеристики, покрај ширината на шарата, тука е и максималната брзина, а исто така и датумот на производство.

Датумот на производство се наоѓа на надворешниот дел од гумата. Тоа е претежно четирицифрен број каде првите две цифри укажуваат на недела во која се произведува гумата, а последните две цифри годината. Секоја гума има рок на траење, што зависи од производителот, но е најмалку 2 години од датумот на производство. По датумот на истекување, гумата почнува да губи одредени карактеристики.

Секоја гума има одредена максимална брзина. Тоа е всушност максималната брзина со која може да се справи гумата и да откриете каков е индексот на брзина на вашата гума, тој е обележан со буква. Најчесто се наоѓа во редот каде што големината на гумите е и обично е на последното место.

Буква L – 120 km/h
Буква М – 130 km/h
Буква N – 140 km/h
Буква P – 150 km/h
Буква Q – 160 km/h
Буква R – 170 km/h
Буква S – 180 km/h
Буква Т – 190 km/h
Буква U – 200 km/h
Буква H – 210 km/h

Ако го примениме горенаведеното на примерот на оваа гума, станува збор за гума која е произведена во 50-та недела од 2015 година и ја има ознаката W, па може да „издржи“ брзина до 270 km/h.